Со мршојадци нема иднина. Тие само чекаат некој да загине.
*
Без вистинитост и објективност не се потребни медиуми.
*
Без морални вредности нема ни вредно општество.
*
Туѓ успех не се простува.
*
Како да узнае дека е дезорганизиран кога претходно не бил организиран?
*
Под слободата на говорот не се подразбира и говор на омраза.
*
Исправениот ‘рбет овозможува лесно вртење на главата и лево и десно.
Д-р Хаџи-Васков
![]()

