Од бактерија зависи Алцхајмеровата болест. Оваа невролошка состојба предизвикува губење на памтењето, конфузија и нарушување на идентитетот, а коренот е во устата. Бактеријата Порпхѕромонас гингивалис, поврзана со хроничен пародонтитис е можен предизвикувач. Бактеријата мжое да се најде и во устата и во мозокот. Потврда е анализата на починати од Алцхајмер. Таа предизвикува воспаление и таложење на наслаги.
Стручнаците откриле врска меѓу болеста на непцата, губењето заби и когнитивниот пад. Дополнителен аргумент е присуството на бактеријата во мозокот на пациенти со Алцхајмер. Тоа е знак дека подолгата изложеност на бактеријата го зголемува ризикот.
Има силни докази дека гингивалис е поврзана со развојот на Алцхајмер. Значи, колку повеќе заби се губат, толку е поголем ризикот од Алцхајмер, оти секој заб има своја улога. Гингивалис го има и во дишните патишта и цревата. Затоа алцхајмеровата болест е особено подмолна.
Заштитата е во оралната хигиена. Редовно да се мијат забите и и да се посетува стоматолог. Здравиот начин на живот се постигнува со спиење 7-8 часа, редовна физичка активност и учење на нови вештини. Тоа го зачувува мозокот во форма. Потребна е храна богата со омега-3 масни киселини, како риба, антиоксиданси, бобинки и витамин.
Куркумата го намалува воспалението во мозокот. Кокосовото масло ја подобри мозочната функција во раните фази на Алцхајмер. Зелениот чај со антиоксидансите ги штити нервните клетки.
Лек за Алцхајмер нема, но има надеж дека со добра орална хигиена и здрав живот може да се спречи или одложи настанувањето.
![]()

