Избори
Петра Лукароска, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата
Вкрстувањето на улиците пред новата автобуска станица е „црна точка” и перманентна опасност по безбедноста на сите учесници во сообраќајот смета Петра Лукароска, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата и решението на проблемот го гледа со изградба на два кружни тека:.
– Едниот на спојот на „Леце Котески” и булеварот „Гоце Делчев”, другиот на крстосницата помеѓу улиците „Браќа Миладиновци”, „Архиепископ Доситеј”, „Карпалак” и булеварот „Гоце Делчев”. Со поставување современа хоризонтална и вертикална сигнализација на двата кружни тека, обезбедуваме ефикасна сообраќајна регулација, намалување на метежот, поголема безбедност и подобар урбан развој – вели Петра Лукароска, кандидат за градоначалник од СДСМ.
За Старата прилепска чаршија која што не е само знаменитост на градот под Марковите Кули, туку е споменик на културата заштитен со закон, предвидува нови гранитни плочи, подземни инсталации за кабли, водоводна и канализациона инфраструктура, современо осветлување и видеонадзор. Чаршијата да биде по мера на дуќанџиите, по мерак на посетителите.
Најави расчистување на дивите депонии, одговорност за загадувачите. Инсталирање подземни контејнери во сите урбани заедници. Мерни станици за квалитет на воздух и дуплирање на градските дрвореди, засадување 2.000 садници годишно.
Во рамките на грижата за лицата од трето доба, обезбедување мобилни тимови за домашна нега и социјални посети, бесплатен превоз во пазарните денови.
За една година од буџетот на Општина Прилеп исплатени се 120.000 евра на име отштета на граѓани каснати од кучиња скитници, објаснува Лукароска. Решението го гледа во стационар за кучиња со адекватен капацитет и ветеринарен третман – за функционален и безбеден јавен простор.
![]()

