Турски бисер на Егејот

Кушадаси

Кушадаси е едно од одморалиштата во Турција, познато по прекрасните плажи, живописните марини и богатате историја. Динамичен град е. Нуди богатство на активности за сите возрасти, од одмор на песочни плажи и возбудливи спортови на вода, до истражување на блиските историски локалитети како што се Ефес и Дидим.

Кушадаси во превод значи птица, односно остров. Познат е по живописните чаршии, по богатиот ноќен живот и луксузните хотели, што го прави идеална дестинација за незаборавен одмор на егејскиот брег. Возбудлив е овој град на источниот Медитеран. Затоа “мами” туристи од целиот свет. Првиот впечаток е градската ѓурултија од живоста и мобилностане само низ центарот, туку и низ останатите “сокаци”. Локацијата му е поволно. Уреден е за интересни прошетки покрај морето. Од центарот натаму се оди кон Островот на птиците (на гулабите). Брегот е поврзан со мост, а таму е византиската тврдина од 13 век.

Атрактивни се долгите убаво уредени плажи лево и десно од марината.  Во близина е пристаништето. Најпознати се Ладис бич и Лонг бич. Незаборавно е слегувањето на сонцето кон залезот кога се прелеваат боите во морето.

Историски, градот датира од античкиот период. Бидејќи е во близина на Ефес, бил мало рибарско место кое се развивало. Видливи се трагите од разните народи кои живееле кои оставиле траги на цивилизацијата.

За кревање на адреналинот изградени се аквапарковите Адаланд и Аква фантазија. 

На почетокот на чаршијата е Карван сарајот од 16 век, па потоа е Калачи џамијата со живописен ентериер. Може да се “нурне” во стариот дел. Продавачите се доста љубезни, наметливи, мераклии се на пазар со гостинпот муштеријата, ефендијата, за кои секогаш имаат бесплатен чај или кафе, секогаш располагаат со готовност за снижување на цените, дар за кандисување, само да се продаде нешто. Уживање има и во ценкањето во изборот на сувенири, кожа или текстил. Прошеткатата може да се оконча со мирисот на турската кујна во воздухот во некој од многуте рестораните. И Италијанците можат да позавидат  на турскиот растеглив сладолед како гума или потенок локум, дондурма, оти е нестандарден по состојките со содржината.

Кушадаси воодушевува и со базарот. И повеќедневен престој не е доволен да се откријат сите магии на овој град кој е жив 24 часа со отворени сендвичарници со печени пилешко и телешко месо, слаткарници со стотици вкусови на баклава, кафетерии, ресторани со домашни и странски специјалитети, клубови од кои во некои се игра традиционалниот ориентален стомачен танц.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading