Сливи за чист црн дроб

Сливата ја регулира дигестијата и е средство за празнење на цревата. Има способност за чистење и црниот дроб.  За детоксикација на црниот дроб и крвта се потребни 8 до 22 свежи зрели, непрскани сливи. Ако се прскани се оставаат еден час во раствор со сода бикарбона. Потоа се тријат и се мијат под млаз од ладна вода. Се сечат на половина да им се извадат семките. Потоа пак се преливаат со ладна вода. Садот се поклопува со капак и се остава до следното утро. Следниот ден се цеди водата и излегуваат некои непотребни состојки. Пак се преливаат со вода, но колку да бидат прекриени. Се ставаат на оган, а откако ќе зовријат, се намаува температурата на најтивко и се варат 2-3 часа. За тоа време потребно е 2-3 пати да се смени водата. Значи, секој час се тура старата вода, па се долева нова, колку да се прекријат. Кога ќе заврши варењето, сливите се јадат топли, со малку вода, сите одеднаш, на празен стомак. Оваа постапка е најдобро да се прави наутро. Додека се варат се пие вода или чај.

Сите видови на сливи се лековити, но за оваа намена најдобри се црвените, но може да се користат било какви.

Оваа постапка е потребно да се применува во текот на цела една недела непрекинато, секој ден, а доколку станува збор за некое петешко заболѕвање на црниот дроб, тогаш јадете ги две недели или повеќе ако е потребно.

Исхрана за чистење на црниот дроб

За да се подобри функционирањето и да се ицчисти црниот дроб, исхраната треба да се збогати со гопчливи диви лековити билки, како што е на пример, глуварчето. Препорачани намирници во ваквата исхрана се морковите, целерот, рузмаринот и цвеклото, а од зачините треба да се користат што повеќе: куркумата, кимот и карито.

Loading