Пинг-понг
Старт на есенскиот дел од Супер лигата на Македонија за сениори. Во 1. коло, највисок триумф од 4:0 постигна прилепскиот тим Младост 96, врз Радовиш на гости. Другите резултати се Крива Паланка – Вардар (Скопје) 4:1, Пелагонија (Битола) – Астраион (Струмица) 1:4, Шампион ФА (Штип) – Крива Паланка 2007 4:2, Телеком нец 2 (Скопје) – Ѓорче Петров (Скопје) 4:3. Од 10 суперлигаши, три се од Скопје, две од Крива Паланка, по еден од Прилеп, Радовиш, Битола, Струмица и Штип.
Во следното коло Младост 96, чиј тренер е Ѓоко Јочкоски, пак е гостин, на Вардар во Скопје.
![]()

