Рана музика – Средновековни еха

Вечерва во киното Мис Стон

“Средновековни еха”, е концертот што ќе се одржи вечерва од 20 часот во киното Мис Стон, а е дел од првиот Фестивал на рана музика “Дулциа Сонант”, организиран од ЦК “Марко Цепенков”. Влезот е слободен.

Прилепчани ќе имаат ретка можност да слушнат дела од шпанската музичка традиција што ја одразуваат културната и религиозната историја на Шпанија, како и шарена палета од средновековна музика. Првпат во Македонија ќе се слушне звукот на музичкиот инструмент, портативна оргула од 14-15 век во рацете на истакнатата шпанска уметница Кристина Алис Раурик.  Како вокал ќе настапи и Ана Митоска.

Фестивалот на рана музика почна синоќа со концертот на хорска црковна музика, на кој настапија Црковениот клирос Пелагонитиса и Црковениот хор Света Петка .

Фестивалот отвора ново поглавје во музичкиот живот на Прилеп и Македонија, Тој е патување низ вековите, од мистичните византиски напеви до раскошниот звучен израз на раната ренесанса.

Кристина Раурик е афирмирана интерпретаторка, истражувач и педагог од Шпанија, специјализирана за средновековни клавишни инструменти како портативна оргула, клавичембало, клавицитериум и средновековни оргули. Задоволство í е што ќе ја сподели средновековната музика со прилепската публика, особено фасцинантниот средновековен инструмент. Се радува што ќе  ја презнетира оваа музуика

– Да се започне ваков фестивал за рана музуика бара многу храбрсот, визија и љубов кон уметноста. Повеќето европски земји имаат ваков фестивал. Сега и Македонија има свој, благодарение на посветеноста на Ана Митоска. Фестивалот ја приближува убавината до луѓето со откритија во музиката, која може да стане нова и омилена, да инспирира. Се надевам дека фестивалот ќе расте и ќе носи уште многу уметници, репртоари и музички традиции во прекрасната Македонија. Среќна сум што сум дел од оваа ретка и драгоцена можност што се случува овде – рече Раурик.

Loading