“Премин” од Горан Ристовски

Изложба

Вчерва од 19 часот во ;иковната галерија од ЦК “Марко Цепенков” ќе биде отворена изложбата “Премин” од акедемскиот уметник Горан Ристовски. Се прикажува безвременската привлечност на водата, доловувајќи ја нејзината сила, мистерија и непоколебливо присуство. Апстрактни и минималистички по природа, фотографиите овозможуваат отворена интерпретација, давајќи му простор на гледачот да ги проектира сопствените емоции, мисли или сеќавања. Пеминувањето на водата, брановите од една форма кон друга, преобразување во поинаква состојба, нејасна, несигурна и неизвесна, метафорично крои приказна за индивидуата и човештвото. 

– Брановите може да ги симболизираат животните предизвици, концептот на издржливост или минливата природа на постоењето. Поттик на размислување за непредвидливата природа на водата – сила која е и убава и понизна. Фотографиите, освен романтичарскиот визуелен впечаток, се ехо кое упатуваат кон еколошките предизвици на загадување, климатски промени и човечко занемарување, прикажувајќи ја моќта и тежината на водата – темната, немирна површина како симбол на нарушената рамнотежа меѓу човекот и природата – вели уметникот.

Стружанецот Ристовски е дипломец на ФЛУ во Скопје. Учествувал на повеќе проекти и групни изложби во земјава и надвор. Самостојно изложувал во Струга, Скопје, Куманово, Охрид, Ниш, Берлин… Уметничката практика е во полето на цртежот, графиката, сликарството, фотографијата, муралот. Работи како професор по ликовна уметност, еден е од основачите и членовите на здружението ИНКА од Струга и активно учествува на проекти од областа на културата.

Loading