Празнични натпревари

Стрелаштво

За 11 Октомври се стрелаше со воздушно оружје и во Прилеп и во Куманово. Во Прилеп беше “Опен Македонија 11 Октомври”- меѓународна програма.

Во дисциплината пиштол редоследот е: Билјана Караѓорѓева (Кавадарци), пред Вероника Велковска (Стрелец, Скопје) и Јован Лазовски (Стрелец, Скопје). Најдобрите со пушка се Вања Арсиќ (Пелистер, Битола), Ирина Јованоска (Херој Прилеп), Никола Блажески (Стрелец, Скопје) и Сара Пројческа (Херој Прилеп).

На кумановско-прилепски двомеч во пушка редоследот е Младен Каранфиловски (Куманово), Филип Кочоски (Стрелец 09, Прилеп), Димитар Димковски (Куманово). Екипно Куманово 471, Стрелец Прилеп 448.

Натаму претстои Купот во Скопје.

Loading