ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (308) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Коледарчината децата по него земат буле и заминуват во соседната куќа кај Петре Бабјак, возрасните по нив разиграни и тие одат по нив в комшии кај Петре Бабјак. Коледарите се пречекани весело со пијалок. Децата коледарчината прават цив пиле. Музиката непрекинато ечи, се редат ора и песни. Колески Ванчо делачот на булината со ситото в раце поткачен на каменовото летно одморалиште пред влезната врата дели булина. Децата во ред се први, земат буле и заминуват кај Бошевци Горните, кај Коле Бошески.

Само што излегоја свирачите и возрасните коледари, еве го Петре си иди од кај трлото, ги хранел овците со сено. Кога дојде во дворо, возрасните коледари, направија ора, па уште неколку, сите го знат Петре каков ораџија како води ора. Овде со шалварите треси ора како лазарка. Коледарите во дворот кај Петре се позакасна. Децата коледарчината кај Бошевци ги направија адетите со цив пиле и викање за Коледе.

Возрасните коледари кај Бошевци направија неколку ора и песни Танески Богоја, внук од брат на Колејца е делач на коледарските булина со ситото в раце застана на каменовото одморалиште пред куќата. Сите кој добиват буле, заминуват во соседната куќа кај Борис Бошески протуѓерот.

Коледарите кај Борис пречекани весело и почестени со пијалок. Децата коледарчина со стапчината в раце во пампурот прават цив пиле и викање за коледе, коледе. Свирачите Нацко, Петре и Симон се на место, направија неколку ора и песни за адет коледарски и е развеселија куќата.

Делачот на булината е Танески Тоде Крстески, постара роднина на домаќинката Цветанка. Бабата на Боризица Цветанка, мајка на татко е Марко Бошејца Колеска по име Праќа е од Бучиновци од Ношпал. Исто така, мајка му Тоде, Стојна Крстејца Танеска е од истата куќа од Бучиновци од Ношпал.

Тоде излезе со ситото в раце и се поткачи на каменот до куќата на кој повеќе марулски домаќинки во неговата длабина толчат суви црвени пиперки и прават мелена готварска пипер. Ама за услугата плаќат по една лажица мелена пипер на домаќинката Цветанка. На Тодевата делба на булина му беше за прв пат. Сите кој добива буле и заминува во соседната куќа кај Атанас Чонески.   

Чонеската куќа отсекогаш била весела куќа од срце гостопримци. Поготово сега со синот и внукот кларинетистот Симон и со малото братче Стојан денес е коледарче. Во Чонескиот има бунар – рвеник копан и соѕидан како сопсвеник при владеењето на злогласниот марулски бег Лазески Амдија, прилепчанец голем доушник на тогашната отоманска власт. Човек без милост кој го напуштил Марул во 1912 година. Од страна на малите коледарчина со нивните стапчина викајќи гласно за денот Коледе свирачите на место се виорат ора и песни.

Коледарите кај Блажевци весело пречекани и почестени со топол пијалок. Децата коледарчина ги прават нивните адети со стапчината во пампурот во жарјето, прават цив пиле и гласно викат за коледе, коледе. Нив им е речено треба да викат коледе иначе нема буле.

Свирачите Нацко Симон и тапанџијата Петре се на место, се редат ора и песни. Ќерките од Блаже, Стева, Коца, Грозда, Добрица фатени на ората. Народот за џабе не вели политиката го разединува додека го обединува човекот без разлика на неговиот пол.

Децата коледарчина го видоја делачот на булината Бошески Трајче, внук од сестра му Мара Бошеска, со ситото в раце излезе надвор, застанат на каменовото почивалиште почна да дели булина, тие наредени во ред кој како добива буле заминува во комшивската куќа кај Танески Крсте.

Коледарите кај Крстевци весело пречекани, почестени со пијалоци жешки и благи. Децата коледарчина си е знат нивната работа, одат право кај пампурот, вадат жарови прават цив пиле и гласно викат за Коледе. Свирачите се на место, весело се редат ора и песни.

Колески Благоја беше кај Чоневци делач на коледарските булина. Благоја со ситото в раце поткачен на каменовото одморалиште им дели по едно буле на секого. Кој добива буле заминуват во оседната куќа кај Танески Блаже. Татко му на Благоја Ќире Колески и е посинок на Колеска Крстејца Митра, тетка на Атанас, сестра на мајка му Чона Мамалигоска.

Коледарите кај Блажевци пречекани домаќински, почестени, направено цив пиле, се така додека не се појави делачот на коледарските булина Јанкоски Трајче, зет за внука од прва брачеда од тетка на мајка е на Верка Трајчејца делачот на булината застана на скалите на чардакот и како излеват коледарите добиват буле и заминуват за кај Петрески Алексо Бабјак гајдаџијата. Тоде во смеја рече го пробаме зето дали знај да број. На ова коледарско шетање се случи чуден настан со делачите од кај Бошевци до Крстевци. Сите беа млади кој за прв пат делеја коледарски булина. Богоја кај Бошевци, Тоде кај Бошевци Ценовци, Благоја кај Чоневци, Трајче Бошески кај Блажевци, кај Крстевци Јанкоски Трајче.

Коледарите кај Алексо пречекани како кај сите дотогаш посетени домаќинства и почестени со пијалок. Децата коледарчина со стапчина во пампурот и пред него во жарјето прават цив пиле и гласно викат за Коледе. Свирачите се на место, се игра и пеат песни.

Делач на коледарските булина Митре Бабјак со ситото в раце излезе надвор, се поткачи на каменовото почивалиште, им дели булина, први се децата кој како добива буле и заминува во другата влезна врата во истата куќа кај брато Ванчо Бабјак. Ова куќа е исто така родната куќа на Митре Бабјак.

Коледарите кај Ванчо весело пречекани, почестени со напивка. Децата во пампурот прават цив пиле заедно со неговото дете Љубе, весело и гласно викат за Коледе.

Свирачите расположени свират, се игра ора и песни и од страна на возрасните коледари. Делачот на булината Јолески Благоја прв брачед од тетка на домаќинката Веселка излезе со таблата полна со булина, се поткачи на ѕидчето и дели булина, тие кои добија буле заминуват во комшите кај Ристески Тане Танески.

Продолжува    

Loading