ПЕНЗИОНЕРИ  ОД ЦЕЛА  МАКЕДОНИЈА  ВО ПРИЛЕП

ЗА ПРАЗНИКОТ11 ОКТОМВРИ

Традиционално, прилепското здружение на пензионери беше домаќин на  големата пензионерска средба на повеќе од 200 пензионери од повеќе пензионерски здруженија на Македонија. Заеднички го одбележаа Денот на започнувањето на вооруженото востание за ослободување од фашистичкиот  бугарски окупатор, 11 Октомври.

– На овој ден 1941 година во Прилеп, а потоа и во Куманово беше означен  почетокот на продолжението на македонскиот народ за создавање на своја држава. Прилеп, и неговите граѓани отсекогаш биле борбени и сакале слобода која по четири години и ја добија борејќи  се  против бугарските, а и другите  окупатори. Така  во таа крвава борба  чиј почеток  го одбележуваме  овде  во борбениот и херојски Прилеп, градот дал повеќе илјади борци, а на Могилата на непобедените која беше поставена пред 50  години  во Паркот  на револуцијата  каде се закопани моштите на 650 борци. Прилеп во ослободителната борба даде и 15 Народни херои за кои е изградена и Алејата на хероите во овој Револуционерен парк – споменик – рече  Славко Трајкоски,  претседателот на ЗП, домаќин, посакувајќи им на пензионерите уште многу заеднички средби, многу здравје и долг живот.

На семакедонската пензионерска средба присуствуваа претседателката Славка Трајкова и секретарката Менка Темелковска, на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.

Средбата вообичаено продолжи со големо и весело македонско, пензионерско оро.

К.Р.

Loading