Пауза до 25 октомври

Фудбал: Втора лига

Сите што сакаат второлигашки фудбал, да се стрпат до 25 октомври. Тогаш е следната 9. рунда од Втората лига, со мечевите во Струмица (Беласица – Победа) и во Големо Коњари (Големо Коњари – Брегалница Ш.). Паузата (поради изборите) е добредојдена, оти двата тима од ОФС Прилеп лошо стојат на табелата. Така следниве денови е време за подготовки и консолидација. Потсетуваме, претходно Победа дома со 3:0 ја совлада Слога, а Г. Коњари со 4:0 загуби од Вардар во Неготино.

Табела: Брегалница Ш. и Шкендија А. 20, Беласица 16, Охрид 15, Скопје и Детонит 14, Кожуф, Осогово и Новаци 13, Саса 10, Вардар Н, 9, Тетекс и Победа 7, Слога В., Преспа и Г. Коњари 3.

Loading