Од Вардар на Охрид

Ракомет

Секој ривал е квалитетен за екипата Прилеп во највисокиот ранг, Супер лигата на Македонија за мажи. Во 7. рунда Вардар во Скопје беше подобар со 39:22, а веќе во следното 8. коло пак е силен ривал. Тоа е Охрид, иако мечот е во Прилеп. На претходното гостување Димитар Димитриоски постигна 7 гола.

На табелата води Вардар со 14 бода, пред Алкалоид со 12, Е. Пелистер, Охрид и Бутел 9, Пролет 7, Е. Пелистер 2 и Прилеп 6, Тиквеш и Струга 4, Куманово 2, Радовиш 0.

Женскиот прволигаш Деспина загуби од Овче Поле во Свети Николе (33:21), а на ред е дома со Стружанка.

Loading