Фудбал: Трета лига – Југ
И во Третата лига – Југ има поместување. Наместо в недела на 19 октомври, в четврток на 23 октомври во 14 часот е следното 6. коло. Денот е одбран поради тоа што е државен празник. Тогаш треба да се одигра дербито Ултрас – Борец, на игралиштето со вештачка трева во Прилеп. Претходно во Велес Ултрас со 6:0 ја совлада домашната Тополка, а Борец дома со 4:0 беше подобар од Венец. Други дуели за в четврток: Млекар – Венец, Дреново – Влазними ј., Питу Гули – Бучин.
Табела: Борец 12, Росоман 11, Превалец, П. Гули, Ултрас и Влазними ј. 10, Башкими и Бучин 5, Венец 4, Младост 3, Млекар, Дреново и Тополка 1.
![]()

