ДА ИЗГРАДИМЕ ГРАД КОЈ СЕ РАЗВИВА

Избори

Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата

Квалитетните и безбедни патишта, кои се предуслов за рамномерен локален развој, за поуспешно стопанство и за подобар квалитет на живот на сите жители во прилепските населени места, им вети, меѓу другото на своите сограѓани, Дејан Проданоски, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата.

– Мојата визија за Прилеп е јасна, да изградиме град кој расте, се развива и им нуди на сите граѓани достоинствен, квалитетен и современ живот. Прилеп има потенцијал да стане вистински европски град, а еден од клучните проекти што ќе го реализираме во таа насока е изградбата на новата населба „Градина”. На само 1,5 километар од центарот на Прилеп, на просторот на поранешните оранжерии, ќе изградиме современа населба со површина од 42 хектари, дизајнирана според највисоките европски стандарди. „Градина” ќе биде нов дом за околу 13.000 жители, со инфраструктура што ќе обезбеди удобен, безбеден и достоинствен живот за секое семејство. Во рамките на проектот се предвидени над 420 градежни парцели за изградба на станбени куќи, згради, деловни и трговски објекти, како и училишта, градинки, спортски и рекреативни центри – рече Дејан Проданоски, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата.

Во населбата Точила најави целосна реконструкција на двете спортски игралишта и детските реквизити. Вети реконструкција на старскиот дом „Киро Крстески – Платник”. Во Волково ќе се  гради излетнички центар од 30.000 квадратни метри со пешачки и велосипедски патеки, детски и фитнес зони и современо еколошко осветлување.

Со цел подобра хигиена и уреден јавен простор, ќе бидат поставени јавни тоалети на повеќе локации низ градот.

Loading