Мудроста не може ниту да се купи, ниту да се продаде.
*
Кој многу чита умее да ги прочита и оние што не читаат.
*
И кога историјата се повторува мора да се обновува.
*
Беше човек на место додека не се смести во фотелја.
*
Вистинските луѓе знаат да го направат вистинскиот избор.
*
Без мака тешка се живее без грешка.
*
Во битката за моќ прво страдаат човековите права.
Д-р Хаџи-Васков
![]()

