9 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И 11 ЛИСТИ ЗА СОВЕТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Локални избори 2025

За локалните избори в недела, 19 октомври, според Општинската изборна комисија (ОИК) ќе се гласа за 9 кандидатури за градоначалник и 11 листи на советници. Пет кандидатури за градоначалник се од политички партии, а четири од група избирачи. Што се однесува до советот, поднесени се 11 листи за 27 членови на советот, 8 од политички партии и 3 од група избирачи.

Својата демократска волја ќе имаат право да ја изразат 62 053 жители во 126 избирачки места во Прилеп и населените места.

За локалните избори, во 2021 година имаше 5 кандидати за градоначалник и 8 листи за советници.

Loading