ЛИХВАР НАПЛАТИЛ ТРИПАТИ ПОВЕЌЕ

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против 51-годишен лихвар од Прилеп. Според полицијата, поднесена е кривична пријава против Г.Б.(51) од Прилеп поради сомнение за кривично дело „лихварство“. Пријавениот со закана наплатил три пати поголем износ од сумата која ја позајмил на едно лице, при што стекнал противправна имотна корист од 430.000 денари.

Loading