Во духот на одбележувањето на Светскиот ден на храната – 16 октомври, во ОУ ,,Кире Гаврилоски – Јане,, се одржа традиционалниот есенски панаѓур, штој ја истакна креативноста, вредноста и заедништвото на учениците и наставниците. Учествуваа сите одделенија, подготвувајќи богата понуда на домашни производи: свежо цедени сокови, пити, овошје, зимници, џемови и слатка.
Секој штанд гордо ја претстави есенската инспирација и културно богатство. Социјалниот дух, креативноста и енергијата на учениците го направија панаѓурот празник на вкусовите, традицијата и заедничкото создавање.
Учениците покажаа дека храната не е само потреба, туку и култура, љубов и начин на поврзување меѓу луѓето. Благодарност до сите ученици, наставници, родители кои придонесоа овој ден да биде вистински празник на есента, трудот и заедништвото.
![]()

