Години, на првиот снег им се радувале сите. И мали и стари излегувале да прават снешко, се спуштале низ удолниците со ‘кнки направени од скршена ролетна. Детското смеење виорело низ улиците како студениот Северко. Тоа не ги спречувало да излезат надвор, и од глава до петици да бидат водени од снег, носињата црвени како на Були – Були.
Рано е за маалските авантури на белата покривка. Еве застудува, иако е есен, ама малкумина го пробале вкусот на мразот со ќефот на снегот и импровизираните зимски реквизити. Се очекува зимска руба со бели украси на дрвјата.
![]()

