Велески над 19 странци

Шах

Во Рабац (Хрватска) се одржа Европското за ветерани. Во категоријата над 50 години беа 54 шахисти од 29 држави, со македонски претставник ФМ Роберт Велески од Прилеп. На одиграни 9 партии освои 4 поени, за 35. место. Забележа 3 порази, 4 ремија и 2 победи.

Победник со 7 поени е ВМ Жан-Марк Дегрејв од Франција.

Loading