Изложба
Изложбата “Вечито” реализирана од Маре Јанкова Грујиќ, кустос историчар на уметност при Центарот за градителско наследство во Белград, беше отворена вчера во ЦК “Марко Цепенков” во соработка со Заводот и музејот.
За стогодишнината од раѓањто на познатиот архитект и автор на Паркот на револуцијата Богдан Богдановиќ, се изложени книги, предмети и оригинален алат со кој архитектот ги изработувал спомениците во поранешна Југославија.
Ова е 16-та изложбата во Македонија која ги пренесува резултатите од истражувањата на спомениците на Богдановиќ во Македонија. Се претставува , богатата ретроспективна поставка на целиот опус.
За време на траењето на изложбата, подготвена е богата придружна програма соа кустоски водства, премиерно прикажување на филмот “Делото на Богдан Богдановиќ видено од земја и од небо” од авторот Предраг Новаковиќ, како и дигиталната училница “Вечито – Богдан Богдановиќ”.
Богдановиќ (1922-2010) бил српски и југословенски архитект. Животот посветил на градење на меморијалите посветени на НОБ во војната. Бил учесник, доброволец и партизан, кога бил и тешко ранет.
По дипломирањето на архитектонскиот факултет во Белград во 1950 година, се вработил на факултет. Работел до пензија. Создал 20 монументални споменици посветени на жртвите на фашизмот и НОБ. Проектирал, цртал и пишувал. Објавил 500 текстови во весници и списанија и 20 книги. Бил градоначалник на Белград.
![]()

