Темелно чистење на артериите

Чест здравствен проблем е покачениот холестерол и триглицериди во крвта, како и затнување на крвните садови, што влијае и врз здравјето на срцето. Постои рецепт од народната медицина за регулација на холестеролот во крвта и што ги шири крвните садови

Потребни се само две состојки. Првата е рузмаринот. Таа е позната медитеранска, украсна, зачинска и лековита билка. Потребни се неколку гранчиња за рецептот. Листовите се многу ароматични со пријатен мирис. Втората е виното. Може и црно и бело. Ако имате проблем со висок притисок, тогаш подобро е да се преферира суво бело вино отколку црно. Суво значи дека е без остатоци на природен шеќер или содржи максимум 4 грама по литар.

Познато е дека во земји каде луѓето според нивната култура редовно консумираат вино, степенот на срцево болни е доста понизок од останатите. Секако, виното треба да се пие умерено и дозирано, бидејќи во спротивно може да предизвика други здравствени проблеми.

Рузмаринот и виновата лоза се дар од природата. Нутриционистите сметаат дека медитеранската исхрана е најздрава, а виното и рузмаринот се дел. Гранчињата рузмарин се додаваат во виното да му дадат ароматична нота, свежа и зелена арома. Како алтернатива може да се користи 30 гр. суви сечкани листови на 1 литар вино. Се затвора теглата и остава барем седум дена на собна температура, рузмаринот да го збогати виното. Теглата се протресува секојдневно. Потоа се цеди и се складира во шише. Се чува на темно и ладно место.

Се пие секој ден по една ракиена чашка, наутро и уште една навечер, 30 дена, а потоа се паузира најмалку 2 недели.

Loading