СДС и коалицијата за локални избори
За проблемите кои ги засегаат прилепчани, заедно со претседателот на СДСМ Венко Филипче, Петра Лукароска како кандидат за градоначалник и Драгица Николоска, носителката на кандидатската листа за советници, зборуваа на трибината во ЦК „Марко Цепенков” што се одржа на 8 октомври.

Како дел од изборната кампања Лукароска и Николоска остваруваат средби со граѓаните, со бизнис секторот и здруженија. Во стратегијата за планираната соработка на локалната самоуправа со прилепските компании, градењето партнерство со малите и средни фирми, со бизнис секторот што е од клучна важност за развој на локалната заедница, Лукароска и Николоска ја посетија фирмата Комфи Ангел.
Од друга страна, неодамнешната посета на градов, од страна на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, беше повод за реакција на опозицијата.

– Обземени од желбата за власт, но и исплашени од нејзиното губење, ДПМНЕ и нивните кандидати за градоначалници и советници забораваат дека во политиката, исто како и во животот, треба да се има и лице, и образ, и обзир. Господа од ДПМНЕ, чиста небулоза е да го шетате низ чаршија Панче Тошковски, министерот во чиј мандат во Прилеп се запалени триесетина автомобили, фрлени се бомби во угостителски објекти и во домови на наши сограѓани – се вели во реакцијата од СДСМ.
Инаку, на средбите со жителите на урбаните заедници, Лукароска и Николоска ги објаснуваат проектите предвидени за секое маало според потребите на граѓаните.
![]()

