Фудбал: Втора лига
Првиот второлигашки триумф на Големо Коњари се случи со 1:0 (автогол на Смилков) против четвртиот Кожуф. Се покажа силата, а во иднина овој тим ќе биде уште посилен, со напаѓачот Зоран Даноски – Шукер, играч претходно во 5 држави. Пред утрешниот дуел со Вардар во Неготино, во Г. Коњари тренинг одржа младата селекција на Ерменија, пред денешниот меч со Македонија во Битола..
А Победа не успеа во Радовиш (пораз од Детонит 3:1 – стрелец Ф. Димоски), а утре (15 ч.) е дуел дома со Слога В.
Табела: Брегалница Ш. и Шкендија А. 17, Беласица 16, Скопје 14, Детонит и Новаци 13, Кожуф и Охрид 12, Осогово 10, Саса и Тетекс 7, Вардар Н. 6, Победа 4, Слога В., Преспа и Г. Коњари 3.
![]()

