РАБОТА, РЕЗУЛАТИ И ДВИЖЕЊЕ НАПРЕД

ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата

Владеачката партија ВМРО – ДПМНЕ и коалиционите партнери, утре, 11 октомври ќе одржат митинг пред прилепчани на кој освен премиерот Христијан Мицкоски, проектите и визијата за Прилеп ќе ги претстави кандидатот за градоначалник Дејан Проданоски заедно со кандидатите за советници.

Проданоски континуирано остварува средби со претставници на прилепскиот бизнис сектор. Меѓу другите, се сретна и со сопствениците на градежните компании, луѓето кои секојдневно го обликуваат ликот и развојот на градот. Отворено разговарале за состојбите во градежниот сектор и за можностите како заедно да создадат поефикасна, транспарентна и фер градежна политика. Идејата на Проданоски е Прилеп да биде град по мерка на сите граѓани. За него секоја населба заслужува внимание, а секој граѓанин, достоинствен живот. Оствари средби со речиси сите струки и професионални работници по сектори.

Во програмата на ВМРО – ДПМНЕ опфатени се сите сегменти на живеењето. Планирана е нова градинка од над 2.000 квадратни метри и со капацитет за 200 деца. Предвидена е реконструкција на Работничкиот универзитет „Пере Тошев” и отворањето на нов Конгресен центар.

– Подобрувањето на патната инфраструктура во руралните средини е во фокусот на делување како локална самоуправа во следниот мандат. Предвидена е рехабилитација на улици во руралните населби од над 8.000 метри. Градската река да стане гордост. На повеќе од 14 хектари, ќе изградиме пешачки и велосипедски патеки, кејски ѕидови, урбана опрема, клупи и современо осветлување. Марковите Кули да блеснат со современа и уметничка илуминација што ќе ја истакне убавината и историјата – најави Проданоски.

Дејан Проданоски ветува резултати, одговорност, визија и движење напред на градот.

Loading