Ракомет
Викендов е 7. рунда од Супер лигата за мажи и мечот Вардар – Прилеп во Скопје. Едно од потешките гостувања, кај лидерот со 12 бода. Но, добредојдено е искуството. Претходно Прилеп дома со 34:27 ја совлада Струга. Тренерот Наум Танески го надигра тимот од родниот град. Најефикасни: Денис Шабановиќ 6, Александар Тренчевски и Димитар Димитриоски по 5 гола. На табелата Прилеп е 7. место со 6 бода.
Во 4. рунда од Првата лига за жени, Деспина – МРК Ѓ. Петров 25:28 – најмногу голови (11) даде Мери Гичева. Следи гостување кај лидерот со 6 бода Овче Поле во Свети Николе, а Деспина е четврта со 4 бода.
![]()

