За празникот
Националниот “Поетски слем – Македонија” по 15-ти пат почна вчера и ќе трае до 12 октомври. Литературната манифестација, организирана од Театарската работилница – Прилеп, се отвори со “Поетски двобој – Есенин вс Мајаковски”, со промоција на преводите на Славе Ѓорго Димоски. Во кафе-галеријата Лувр ќе се отвори изложбата на инсталација од мултимедијалниот уметник Владимир Лукаш. Ќе учествуваат 24 автори од повеќе градови, кои вечерва ќе дефилираат низ центарот и ќе рецитираат поезија на повеќе локации. Ќе читаат Андреј Ал-Асади, Ѓоко Здравески, Марија Грубор, Матеј Петров, Гала Матевска…
Во киното Мис Стон ќе се одржи слем-полуфиналето.
Следниот ден е работилницата и промоцијата на “Еден маж и една жена, или како љубовта раздвојува светови”, интерактивна збирка поезија за креативно читање и пишување” со Елена Пренџова во галеријата ЦК “Марко Цепенков” Во кафетеријат Чоше” ќе се одржи слем-кафе со диџеј Олд Скул Селектор, а во
Тротоар промоциј на книгите “Ние сме Ева” на Оливера Андоноска и на збирката “Небо трето” на Ѓоко Здравески’. Поетско-музички перформанс ќе имаатДејан Спасовиќ и Перо Сарџоски. Во ЦК “Марко Цепенков” се претставува гостинот од Белгија, Кевин Амсе.
Вечерното финале ќе заврши со концерт на Пијан Славеј.
Учесниците ќе присуствуваат на литургија во манастирот Трескавец и ќе изведат поетско читање.
![]()

