ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (307) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Исто така и кај Благоја, коледарите весело пречекани, а возрасните со напивка. Децата е извршија својата активност со цив пиле и коледе, коледе. Но, во исто време како загарчиња надушија да чичко Драган Богданоски излезе со сито в раце, ќе дава коледарски булина, одекна нивниот глас како од пушка и се стрча надвор за да земат буле. Со тоа се прекина веселбата коледарска кај Јолески Благоја секој кој зеде буле и заминува во соседната куќа кај Димитријовци или по старо презиме Новачевци.

Димитријовци, Стевановци и Велјановци се деленици од лозата, родо Гулабовци. Димитриовци се добри домаќини, производители на сливова ракија. Во нивното куќно место има многу така наречени диви ситни сливи жолти, црешови и розови во боја. Домаќините ги собират сливите кога ќе уздрејат и варат – печат ракија, преку сто литра сливова ракија во сезоната. Затова домаќинот Милан, коледарите ги пречека со две литарски шишиња со топла, слатка, шеќеросана ракија и повеќе чашина во рацете. Со два стаклени бокали беа сите возрасни коледари почестени кој сакаше да се напија. Децата е направија веселбата и адетот цив пиле во пампурот и викање за Коледе.

После пијачката се направи убава веселба во куќата со повеќе ора и песни. Децата се на стреж и дочека го видоја делачот на булината, Ванчо Колески излегува надвор со ситото в раце полно со булина коледарски. Децата први излегоја и во ред зема буле и заминува преку река за во Западното мало Прва бригада за кај Мурџески Мите. Николовци се изоставени после скандало на Василица во 1958 година. Нивниот, малиот Коле не прави забелешки, си шета нормално со неговите комшивски другарчиња. Музиката престана кај Димитријовци, но е активна цело време по патот за кај домаќинот Мурџески Мите преку река. Штотуку коледарите дојдоја кај Мите на кларинетот од Нацко една механичка клапа му пукна, не затвораше, ни отвораше, па со тоа престана музиката. Свирачите отидоја дома кај Нацко за да е поправат механичката клапа. Се задржа подолго време додека го поправат кларинето. Куќите Мурџески од Мите, Степан, Јован, Цветан. Колеските куќи од Веле и Кире Павлеските од Ванчовци и Јоновци остана без музика.

Посетата на коледарите беше примена од домаќините без музика весело. Децата коледарчиња во сите спомнати куќи направија цив пиле, зема буле и си заминува со викот коледе.

Кај Мурџески Јованче коледарите влегоја весело со музика почестени со пијалок, се направи цив пиле и викотници за Коледе со неколку песни и ора. Делачот на булината Димитријоски Милан излезе со ситото на чардакот за да дели булина, децата коледарчина по него кој како што добива буле заминува во соседната куќа од Петрески Ванѓел Бабјак. Коледарите кај Ванѓел весело влегоја пречекани и почестени со пијалок. Коледарчината влегоја во собата и сите отидоја за да прават цив пиле во пампуро и направија со викање коледе, коледе, коледе.

Веселбата со музиката е активна со ора и песни. Делачо на билината Јованоски – Јоноски Душан прв брачед на Ванѓелица Мара излезе со ситото в раце, застана на чардачето пред влезната врата, дели булина. Коледарчината децата по него земат буле и заминуват во соседната куќа кај Петре Бабјак, возрасните по нив разиграни и тие одат по нив в комшии кај Петре Бабјак. Коледарите се пречекани весело со пијалок. Децата коледарчината прават цив пиле. Музиката непрекинато ечи, се редат ора и песни. Колески Ванчо делачот на булината со ситото в раце поткачен на каменовото летно одморалиште пред влезната врата дели булина. Децата во ред се први, земат буле и заминуват кај Бошевци Горните, кај Коле Бошески.

Само што излегоја свирачите и возрасните коледари, еве го Петре си иди од кај трлото, ги хранел овците со сено. Кога дојде во дворо, возрасните коледари, направија ора, па уште неколку, сите го знат Петре каков ораџија како води ора. Овде со шалварите треси ора како лазарка. Коледарите во дворот кај Петре се позакасна. Децата коледарчината кај Бошевци ги направија адетите со цив пиле и викање за Коледе.

Возрасните коледари кај Бошевци направија неколку ора и песни Танески Богоја, внук од брат на Колејца е делач на коледарските булина со ситото в раце застана на каменовото одморалиште пред куќата. Сите кој добиват буле, заминуват во соседната куќа кај Борис Бошески протуѓерот.

Коледарите кај Борис пречекани весело и почестени со пијалок. Децата коледарчина со стапчината в раце во пампурот прават цив пиле и викање за коледе, коледе. Свирачите Нацко, Петре и Симон се на место, направија неколку ора и песни за адет коледарски и е развеселија куќата.

Делачот на булината е Танески Тоде Крстески, постара роднина на домаќинката Цветанка. Бабата на Боризица Цветанка, мајка на татко е Марко Бошејца Колеска по име Праќа е од Бучиновци од Ношпал. Исто така, мајка му Тоде, Стојна Крстејца Танеска е од истата куќа од Бучиновци од Ношпал.

Тоде излезе со ситото в раце и се поткачи на каменот до куќата на кој повеќе марулски домаќинки во неговата длабина толчат суви црвени пиперки и прават мелена готварска пипер. Ама за услугата плаќат по една лажица мелена пипер на домаќинката Цветанка. На Тодевата делба на булина му беше за прв пат. Сите кој добива буле и заминува во соседната куќа кај Атанас Чонески.   

Продолжува    

Loading