Џудо: Цевитана куп 2025
Во организација на ЏК “Сеишин” се одржа Петнаесеттиот меѓународен турнир “Прилеп, град херој – Цевитана куп 2025”. Во салата од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” настапија околу 300 џудисти од 31 клуб и 10 држави: Словачка, Грција, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Турција, Англија и Македонија.
Во силната конкуренција домаќинот освои 18 медали, од кои 6 “златни”: Јована Цветкоска, Ајла Јеина, Софија Ѓорѓиеска, Дино Кулевски, Владан Стрезоски и Марко Андрејевски. И ЏК “Пролетер” има медали. Според извештајот, освоени се 2 “златни”: Ведран Цветкоски, Џени Димитријоска.
Џудото е успешен спорт во Прилеп, па не е случајно што претседател на Џудо федерацијата на Македонија е прилепчанецот Владимир Трпаноски.
![]()

