Костоски низ Франција

Велосипедизам

Велосипедистот Константин Костоски (17) како единствен Македонец настапи на Европското младинско првенство во друмски велосипедизам на патеката “Дром Ардеш” во Франција. Успех е што го извози најтешкиот дел од патеката долга 103,4 километри, иако не стигна на целта, како и мнозинството (76) учесници.

Прилепчанецот болен тргна од стартот, Херојски возеше, според името на клубот Херој Прилеп. Сега претстојат нови шанси, па затоа се и подготовките во Шпанија, Хрватска и на други места.

Loading