ЦК “Марко Цепенков” на 16 и 17 октомври од 20 часот првпат го организира Фестивалот на рана музика “Дулчија сонант”. Првин ќе има концерт на хорска црковна музика со црковниот клирос Пелагонитиса и црковниот хор Света Петка. Ќе се пее источно црковно и сакрална полифонија. Следниот ден на репертоарот се средновековни еха кои потекнуваат од шпанската музичка традиција и ја одразуваат културната и религиозната историја на Шпанија, како и шарена палета од средновековна музика, вклучувајќи композиции.
Првпат ќе се слушне звукот на инструментот портативна оргула од 14-15 век од рацете на истакнатата шпанска уметница Крситина Алис Раурич. Како вокал ќе настапи и Ана Митоска.
![]()

