Духот на Богородица во куќата во Турција

Во близина на Кушадаси, кај градчето Селџук во Турција, се наоѓа куќата на Пресвета Богородица. Се претпоставува дека Свети Јован, ширејќи го христијанството, престојувал неколку години и дека Богородица последните години од својот живот ги поминала во овој предел.

Куќата е туристичка атракција. Се стигнува по асфалтиран пат. Властите се погрижиле да го уредат просторот со паркинзи. Нагоре, се наоѓа големата статуа на Богородица, донација од побожен Американец. Таа претставува “мамка” за фотогарфирање. Потамупречекува мир и тишина, покрај многуте туристи. Сите се поклонуваат во Богородичниот дом. Археолозите ги откриле остатоците и, според пронајдените артефакти, датира меѓу 6 и 7 век. Темелите се од 1 век.

Подоцна е изградена од камен. Оргиналната двокатна градба се состоела од предворје, спална и соба за молитва и соба со камин. За туристите е отворен централен дел и собата десно од олтарот. Внатрешноста е во форма на буквата Т. Тука е олтарот со ликот на Дева Марија или Богородица. Пред куќата има простор за верски активности. Света е за христијанските верници. Значење пораснало кога германската монахиња Катерина Емерих (1774-1820) која никогаш не патувала надвор од околина имала визија на патувањето на Свети Јован и Марија од Ерусалим во Ефес, Го опишала домот на Марија до најситни детали. Записот е зачуван од писателот Брентан. Монахињата рекла дека Марија живеела 64 години.

Била погребана во близина. Ковчегот бил отворен, но немало тело и покров. Од тогаш куќата е претворена во капела. За местото на гробот уште се води спор меѓу христијанските цркви. Едни тврдат дека е во Ефес, а според други, гробот на Марија е во Ерусалим. При крајот на 19 век, двајца свештеници од лазаријанскиот ред, Јанг и Полен, изненадени со прецизноста на деталитена калуѓерката Емерих, кај археолошки локалитет Ефес, почнале ископувања. Биле пронајдени остатоци од куќа. Изгледала доста стара, со темели од 1 век. Таа се совпаѓала со визијата на калуѓерката дека куќата на Марија била од камен, изградена од Јован. Имала правоаголна основа со заден кружен ѕид, како и апсида и огниште.

Откритието го потврдил фактот дека Марија престојувала во Ефес. После 1892 година католичката црква го признала местото. Куќата на Богородица во Ефес је света локација за православните христијани.

 Во блиската продавница за сувернири се купуваат разни спомени со апликации за потсет. Подолу, по скалите, има четири извори. Според верувањата, првиот е за здравје, вториот за љубов, третиот за работа, а четвртиот за неверници. Потаму е ѕидот со пораки. Верниците од цел свет оставаат разни спомени.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading