Во киното Мис Стон
Вторник, во киното Мис Стон од 19.30 ч. ќе се прикажува македонскиот филм “Диџеј Ахмет” што е врвот во филмската уметност во земјава.
Влезниците се продаваат на билетарницата секој работен ден од 10-13 часот и еден час пред проекцијата.
Дологметражниот филм говори за Ахмет, 15-годишно момче, од далечно јуручко село во Македонија, кое наоѓа засолниште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и првата љубов која веќе е ветена на друг.
Режисер е Георги М. Унковски, а улогите ги толкуваат Ариф Јакупи, Агуш Агушев, Аксел Мехме, Дора Акан Златанова.
![]()

