Даниел Мелвил Македонска рапсодија 95

Имаше ли право син му Илија кога му рече: “Штом ја обвинуваш мајка ми за сите мрсотии, зошто си ја зел за жена”? Тој се налути, го удри Илија, велејќи му дека е курвин син, наместо да му признае дека се оженил за мајка му од слабост, затоа што малку жени би го издржале неговиот лош карактер. Долго време трпела да бидат така третирани. Вистина, таа не беше цвеќе. Се случуваше да покаже многу лошотилак, садизам спрема единствениот син. па дури и спрема, нејзиниот сопруг.А старецот сега плачејќи велеше, “Илија, Илија, сине мој, каде си дете мое, дојди да го спасиш татко ти”. Да. Син му, тоа момче, спокојно и сигурно, висок близу два метри, јак, со многу добро срце. Ако беше тука, нема да го оставеше да умре. Жално, но многу работи ќе беа подруги во овој широк дом, празен, тивок, мртов. Да, Илија, на кого не можеше да му го прости успехот кај жените. А Даре, во целиот живот, заради комплексите и нервната болест, запознал само една жена, својата покојна сопруга. Не, велеше старецот и солзи течеа од очите и, паѓајќи, се слочкуваа на лизгавиот паркет. “Не, не сум Дар од Бога, Божидар, туку сум дар од Ѓаволот! Дали сум толку виновен, оти бев каков што бев”?

Студот милосливо го заврши делото. Стариот мина од живот во смрт речиси како да заспа.

Во некој американски град, шерифот се врати дома. Неговата русокоса жена Беверли веднаш виде дека се случило нешто непријатно.

– Што ти е, драги, што се случи, изгледаш загрижен?

Мажот го нурна погледот во очите од жената:

– Тукушто дознав дека родителите ми умреле сами, бедно, во нивната куќа.

– Тоа е многу тажно, Илија, ама тие луѓе ти направиле толку многу лоши работи! Нема што да си префрлуваш на себе си, да те гризе свеста.

– Знам, сепак, мила моја, си ги спомнувам зборовите што еднаш ги рекол францускиот писател Андре Малро: “Кога човек разбрал, не може повеќе да суди. Размислувајќи си велам дека кога човек разбрал каква е и во што е работата, тешко е да им суди на сопствените родители, а и на било кој друг. Знам дека ако не се суди, овој свет би станал уште полош отколку што е. Сепак, од друга страна, согледувам бројни олеснувачки околности кај оние на кои им се суди…

Никогаш не е доцна

Кога Џенифер се врати дома вечерта после работата и, кога влезе и ја заклучи вратата од станот, веднаш во малиот салон виде некој непознат човек седнат во една од фотелјите. Девојката замрзна, занеме, хартиената кеса со купувачки од блискиот супермаркет и падна на подот. Раката несвесно и се доближи до стомакот каде веќе три месеци растеше детето од нејзиниот покоен љубовник. Низ главата со секавична брзина í минеа мислите: “Еве,  убијците на Темо ме најдоа, па и мене ќе ме убијат!”. Во текот тие бескрајни мигови, непознатиот ладнокрвно ја набљудуваше. Џенифер, зад флегматичноста, интуитивно осети дека човекот еполн со лутина, со убиствена омраза спрема неа.

– Влезете, постапувајте како да сте кај вас дома, со иронија ја покани и отпи една голтка од киселата вода со која се послужил од фрижидерот. Девојката забележа до чашата со вода оставен пиштол со пригушувач на шумот при пукањето.

– Кој сте вие, како влеговте?, праша махинално како автомат Џенифер.

 “Гостинот” пак ги покажа забите како пес кој ‘ржи.

– Бравите немаат тајни кај мене. Брата ја победив без мака.

Го зеде пиштолот со левата рака и овој пат со строг тон и нареди:

– Влезете и седнете!

Џенифер послуша и со молбен тон зазборува:

– Зар ќе ме убиете?! Чекам дете, макар за него поштедете ми го животот!

– Знаете ли случајно кој му е татко на детето?, скептично праша непознатиот.

 (продолжува)

Loading