АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Се живее од денес за утре, а некои се веќе во иднината.

*

Ќе те кодошат иако не си кодош.

*

Ако историјата се повторува, светот мора да се обновува.

*

Секој во животот минува низ некои Сцила и Харибда иако не е Одисеј.

*

Кој многу чита знае да ги прочита оние што не читаат.

*

Послушникот самиот ќе се осуди ако тоа му го нареди неговата партија.

*

Напад од грб очекувајте од ние што имаат силен ГРБ.

Д-р Хаџи-Васков

Loading