Кошарка
Во Лерин (Грција) беше второлигашот Мега баскет, гостин на грчкиот второлигаш Аристотели баскет. Наместо турнир, поради откажување на две екипи, се одиграл само еден меч со домаќинот. Резултатот е во прилепска полза (86:80). Најефикасни, засилувањето од Струга, Христијан Радически со 18, и Христијан Домлески со 15 поени. Во салата бил незаборавен амбиент од близу 2.000 гледачи, а по дуелот следела заедничка вечера.
Претходно во Кавадарци со 85:62 е совладан второлигашот Спортисимо, а претстојниот викенд за дома (сала на ООУ “Добре Јованоски”) е најавен дуел со второлигашот Охрид.
![]()

