Џудо: Цевитана куп 2025
В сабота (10 ч.) во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” е 15-тото издание на Меѓународниот турнир “Прилеп град херој 2025 Цевитана куп”, организиран од Џудо клубот Сеишин со поддршка на Џудо федерацијата на Македонија. Во машка и женска конкуренција возрасни категории се три – деца, помлади пионери и пионери, а има и околу 40 тежински категории. Најавени се натпреварувачи од Грција, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Турција и Англија, покрај домашните од Македонија. Меѓутоа, пријавувањето беше во тек и според очекувањата и годинава во Прилеп ќе пристигнат над 300 џудисти,
Денеска е прес-конференцијата за соопштување на сите детали.
![]()

