Сефте за Победа

Фудбал: Втора лига

Кавадарчанецот Игор Ѓорѓиев со голот во 50. минута го донесе првиот есенски триумф на Победа во Втората лига (1:0 со Големо Коњари). На локалното дерби и поразениот имаше шанси. Така, доброто издание дава оптимизам за в сабота од 15 часот Победа да земе бод или три од Радовиш со Детонит, а Г. Коњари дома со Кожуф да стигне до првиот успех. Двата тима имаат за кого да се борат. Публика ја наполни едната трибина од стадионот “Гоце Делчев”. Покрај стрелецот Ѓорѓиев и асистентот Давид Јошески, за одбележување се и многуте одбрани на голманите, Дарко Тофилоски и Антонио Шемкоски.

Табела: Брегалница Ш. и Беласица 16, , Шкендија А. 14, Кожуф 12, Скопје и Охрид 11, Детонит и Новаци 10, Осогово 7, Саса, Тетекс и Вардар Н. 6, Победа 4, Слога В. и Преспа 3, Г. Коњари 0.

Loading