Промоција на списанието на Стремеж

Утревечер од 19 часот во ЦК “Марко Цепенков” ќе се одржи промоцијата на првиот број за 2025 на списанието за литература, уметност и култура Стремеж.

– Време е плодовите од гранките на дрвото на мудроста, кои се стремат кон единство со сончевата облагородувачка светлина и посегаат по небото како единствена граница на духот и креативноста, од срце да бидат приложени пред пошироката јавност и читателска публика. Литературно-издавачката дејност при ЦК “Марко Цепенков” ја организира промотивната дружба посветена на најновиот број на Стремеж. Делумно ќе се приближат дел од содржините  од најновиот број. Едновремено ќе се заинтригираат да се нурнат во остатокот од содржинската литературна и културна понуда – вели главниот и одговорен уредник на Стремеж, Александар Еленин.

Loading