Ракомет
Викендов е 6. рунда од Супер лигата за мажи и мечот Прилеп – Струга, во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Убава можност за Прилеп да освои три бода, ако се знае дека Струга е последна без бодови. Претходно Прилеп завчера беше кај Алкалоид во Скопје, а дома со 35:33 го совлада скопски Пролет (најефикасни Денис Шабановиќ 11.
Интересно е и во Првата лига за жени: Јехона Гостивар – Деспина 23:30 (најефикасни Магдалена Ѓорѓиоска со 8, Маја Ристески и Анастасија Јованоска по 6 гола). Претстои 4. рунда викендов, Деспина – МРК Ѓорче Петров.
Табела: Атлетик, Овче Поле СУ и Деспина 4, Стружанка, МРК Ѓ. Петров и Јехона 2, Шампион 0.
![]()

