Фељтон: Томе Велјановски
Во утринското време насобраниот народ си разотиде дома за по својте плански работи. Огнот на средселото остана осамен. Поради нема некоја опасност во неговата близина од предизвикување на пожар. Ако велиме да огнот останува сам. Нема да биди така осамен. Како први негови посетители се школските ученици кога ќе одат утрото на училиште, врват поред него, се собират и грејат. Но, кога се враќат од училиште огнот е во мртва точка. Тогаш почнува дечката игра, немирна игра е прерипнува пепелта, меѓусебно со пепел се клоца сите, ќе бидат пеплосани – карабашести како гаврани во лицата и алиштата, кога ќе си отидат дома ги чека миење и преслекување за чисти да бидат за бадниковата вечера. Ова дечка игра околу огнот важи само за децата од машкиот пол на учениците уште од мината година на минатите генерации.
Утрото во осум сато коледарите веќе се собра како и секогаш кај Тошески Божин Јолески. Меѓу возрасните коледари ги има и мали деца коледарчиња од три до седум години пред школска редовна година од месец септември 1960 на рамо волнени торбина и в раце со стапчина за правење цив пиле во печките и пред печките за викање Коледе. Како што беше тогаш забележано малите коледарчиња ќе бидат запишани во азбучен ред во своите маала.
Прво Западно маало Прва бригада
1. Ѓорѓијоски Никола Николоски
2. Здравески Стојан Чонески
3. Митрески Арсе Мурџески
4. Митрески Методија Мурџески
5. Мојсоски Круме Колески
6. Мојсоски Славе Колески
7. Петрески Благоја Мурџески
8. Петрески Богоја Бабјакоски
9. Петрески Љубе Бабјакоски
10. Петрески Пецо Бабјакоски
11. Ристески Коле Танески
12. Ристески Славе Танески
13. Ризоски Миле Бошески Горни
14. Ризоски Панде Бошески Ценоски
Второ Средна маала Втора бригада
Јованоски Драган Јоноски
Јованоски Славе Јоноски
Јовчески Слободан Велјаноски
Ристески Славе Јанкоски
Цветкоски Гоце Димитријоски
Трето Јужно Маало Трета Бригада
Атанасоски Атанас Танески
Атанасоски Војне Танески
Атанасоски Зоре Танески
Јошески Зоре Мирко Котески
Јошески Мирко Котески
Децата коледарчиња е отворија вратата на пампурот и со стапчината почна да буричкат во пампурот, попадна жарје пред пампурот, тие мават на жарјето и викат коледе, коледе.
Божин домаќинот роден за да гледа некој си циркус поготово дечки и врија во него од смеја. Тој стој во близината до пампурот и врија од смеја со малце закашлување и црвенеење на лицето. Митре Бабјак го подзавати Божина и му вели, стрико Божине исто вака направиле нашите ашлаци стричеви ми Петре, Аце и татко ми Ванѓел Бабјаците заедно со голабарите Петре и Ристе ви го истуркале пампурот ваш.
Божин уште повеќе зовре од смеја со кликање. Тој пампур татко ми Јован Јоле го донесе од германската кујна од Чуките во 1918 година исто така собра конзерви од тамошната ѓерманска кујна направи бори пампуро почна да функционира и беше прв пампур во Марул за после турско. Момците немале пампури кај беговите, него со стоката во заедница во пондилата на една страна стоката, а на друга страна луѓето, светла низ баџата и верушките сместени под баџата во пондилата. Татко ми Јован Јоле видел пампур во влашко во Крајово од тој изум го направи и нашиот пампур самоделски, арен беше. За време на Коледе дојдоја коледарите бабјаците Петре, Аце, Ванѓел и голобаровци Петре и Ристе почна да прават цив пиле, се распадна самоделските бори, куќата се наполна чад, се налути татко ми, ги истера надвор. Но тие, беа негови пријатели, често пати се пука со пиштолите во дворот се смирија и си продолжија со пријателството. Поготово голобарите ни кантар не тргаше и мереше рече Божин. Додека Божин расправаше, Ванчо Бабјак излезе надвор со сито со булина, децата истрча, зедоја буле и замина во втората јолеска домаќинска куќа кај Јолески Благоја, син на Јолески Божин.
Јолески Благоја прво дете на Божин наречен од татко му Божин Мал Тито овој коледарски ден му е втор пат дочек на коледари како сам домаќин откако се дели фамилијарно од родителите во 1958 година на 27 октомври. Мора да спомнеме и кај Божин имаше весела музика. Божин во младите години бил тапанџија во групата на кларенитистот Јованоски Димитрија Курела во триесетите години во минатиот век 1930 – 1945. Тапанот на Божин бил современ со монтирани тасови на него. Божин и Димитрија се стари деленици под презимето Здравевци.
Продолжува
![]()

