Изложба
В понеделник од 19 часот во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков’” ќе биде отворена изложбата на слики “Падот на ангелите” од Никола Пијанманов.
– Уметноста е последен бастион на креативноста и слободата на духот. Таа е единствена рефлексивна длабочина во која бескомпромисно ги огледуваме стврднатите души и прегорените емоции. Таа е последен подвиг за карактер, доблест и скротена суета. Во морничавиот огледален одраз ќе ги видиме сите беспомошни и безмилосно згазени, сите луди војни и грозоморни геноциди, сета светска неправда и безумие, сиот систематски хаос и пекол кој ја краде сегашноста и убива иднината. Токму за сите беспомошни, за девојчето чија солза е единствен знак на живот врз од смрт преплашеното лице, за очајните и болните по чекалниците, за проколнатите без никаква вина, за сите избодени, скршени и паднати ангели во и околу нас, за сите згаснати соништа и радости, за сите… Сликите гласно молчат – забележува Александар Еленин.
Пијамнанов е истакнат македонски уметник, член на ДЛУМ, со бројни самостојни и групни изложби во земјава и во странство. Дипломирал на ФЛУ. Аактивно се занимава со сликарство, скулптура, сценографија и дизајн.
![]()

