Млекар – Борец

Фудбал: Трета

В недела (15 ч.) Ултрас игра со Влазними ј. од Пресил во 4. коло од Третата лига – Југ. На игралиштето со вештачка трева во Прилеп домаќинот ќе оди на три бода за задржување на врвот од табелата. Претходно прилепскиот тим зеде бод (1:1) од Росоман, со голот на Христи Мицевски. Други резултати: Питу Гули – Млекар 2:0, Младост – Дреново 4:1, Бучин – Башкими 1:1, Влазними ј. – Венец 2:2, Тополка – Борец 0:7. Во следното коло во Мало Коњари Млекар го чека големиот Борец од Велес. Еве ги другите двојки: Венец – Тополка, Башкими – Росоман, Дреново – Бучин, Превалец – Младост К.

Табела: Питу Гули, Ултрас и Росоман 7, Борец 6, Башкими, Превалец, Бучин и Влазними ј. 4, Младост К. 3, Венец, Млекар и Тополка 1, Дреново 0.

Loading