ИЗБОРИ ЗА ПОДОБРО СЕКОЈДНЕВИЕ НА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ

Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата

“Ова нема да бидат избори само за битка кој би победил, ова ќе бидат избори кои ќе значат подобрување на квалитетот на живот на секој прилепчанец.” Со ова мото Дејан Проданоски, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата ја започн акампањата.

– Ова ќе бидат избори кои ќе донесат подобри улици, подобри училишта, подобри здравствени установи, подобар живот за сите прилепчани. Овие се избори кои ќе ги започнеме со чувство на сигурност, сигурност дека имаме одличен тим, сигурност дека имаме уште подобра програма и сигурност дека ќе ја добиеме најсилната поддршка од Владата на РМ, предводена од претседателот Христија Мицкоски.

Посебен акцент Проданоски стави на инфраструктурата, најавувајќи дека изградбата на обиколниците „Исток” и „Запад” е приоритет број еден за да се растерети сообраќајниот хаос во градот, да се намали загаденоста и да се обезбеди побрз транзит.

Со поддршка од Владата и Министерството за транспорт и врски, тој најави и реализација на големите патни решенија кон Битола и кон Скопје, со што, како што рече, „Прилеп ќе стане град со подобра поврзаност и ќе влезе во нова ера на развој”.

Продановски ја претстави својата визија за Прилеп како модерен, зелен и економски силен град со инвестиции во образование, спорт, култура, туризам и здравство.

„Ќе работиме младите да изберат да останат овде, а постарите да имаат достоинствен и мирен живот. Со вашата поддршка, ќе изградиме град кој ќе биде вистински избор за секој граѓанин и за иднината на сите нас”, порача Проданоски.

Листата на советници ја предводи д -р Билјана Кржеска.

Loading