ЧЕТИРИ СТОЛБА ЗА ПОДОБАР КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТОТ

Петра Лукароска, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата

Од четири столба и повеќе капитални проекти што ќе го подобрат квалитетот на животот на прилепчани се состои програмата за локалните избори презентира Петра Лукароска, кандидатката за градоначалник од СДСМ и коалицијата.

– Првиот столб во нашата програма е функционален и безбеден јавен пристап во кој обрнуваме внимание на хигиената во градот, на дивите депонии, на кучињата скитници за безбеден да биде градот. Вториот е чиста и здрава животна средина со засадување нови садници, средување на депониите во околината, хигиената, со одржување на екологијата, фотоволтаици на општинските претпријатијата. Третиот столб е општина по мерка на граѓаните во кој општината ќе ја зголеми транспарентноста при што граѓаните ќе ги добиваат сите потребни информации. Ќе има фондови за поддршка на млади, на земјоделки, поддршка на самохрани родители. Четвртиот столб е младите во фокусот. Мора да има младински културен центар, функционалем младински сојуз со буџет, да има стартапи и едукација за претприемачи за млади за да можеме младите да ги задржиме тука, изјави Лукароска на презентацијата.

Таа најави дека се подготвени и неколку капитални проекти.

– Еден од капиталните проекти ќе биде паркинг простор над градската река со капацитет за 100 возила. Вториот капитален проект е „Топташ скајлајт” со вело и мотокрос патеки, со простор за прошетки и рекреација, обнова на планинарскиот дом Дервен како три нови велосипедски патеки во градот – рече Лукароска.

На промоцијата пред прилепчани беше претставена и кандидатската листа на советници предводена од Драгица Николоска.

Loading