Во ОУ “Климент Охридски”
Во ОУ “Климент Охридски” веќе е организиран бесплатен продолжен престој, наменет за дел од првачињата и нивните родители со наставниците кои се менуваа и со посветеност се грижат за секое дете. Станува збор за околу 40 деца од 80 првачиња. По редовните часови, тие остануваат во училиштето до 16 часот, следејќи настава по англиски јазик и физичко образование. Наставниците ги чуваат, едуцираат и насочуваат, водејќи ги паралелно и низ часовите и низ престојот. Ним им е обезбедена бесплатна ужина од Општината, што претставува голема поддршка за родителите и придонес кон здравите навики на учениците. Едновремено, децата се развиваат и учат во опуштена и креативна средина.

Право на користење на продолжениот престој се деца со двајца вработени родители, самохран родител и дете на ранлива категорија на родители.
Продолжениот престој е поддржан од наставничкиот колегиум без дополнителен надомес со јасна визија да се создаде простор за полесно секојдневие на родителите и за радосно и безбедно детство на учениците.

![]()

