Пикник во манастирскиот двор во Пашино Рувци
Поводот за 12-иот пензионерскиот пикник беше Денот на пензионетрите 20 септември. Здружението на пензионерите со сопствените средства се потруди да го одбележи празникот со голем заеднички собир, излет, пикник. Секоја година возрасните граѓани на Прилеп, покажуваат како треба да се организира заедничко дружење со ручек, песна и, се разбира, широко оро.
Годинава средбата на околу 400 пензионери се одржа во дворот од манастирот Св. Ѓорѓија во пелагониското село Пашино Рувци. Пензионерската асоцијацијата обезбеди шест автобуси и скромни сендвичи со пијалок. Многумина се придружија со своите автомобили.






Претседателот на здружението Славко Трајкоски посака добро здравје и долг живот. Сугерира да се искористи секоја можности за веселба. Зашто животот не е вечен. Здружението, како досега, ќе ги пождржува манифестациите за забава на членството.
Луѓето од “третото доба” покажаа дека животото е убав и вреди човек да се радува и во поодмината возраст. И во седмата, во осмата, па и во деветтата деценија задоволство е пригодната забава во соодветн стил, според возраста без се заборават македонските песни. Пензионерите не одолеаа на тактот на народните ора. Музичкиот ритам ги крена од масите да завијат оро. Возрасните ги креваа нозете небаре се млади на тактот на музиката. Иако годините не им се лесни, сепак душата им бара. Дури некои истанцуваа по некој валцер и танго.
На средбата друштво им правеа членови на здружението на инвалидските пензионери.
Досега пензионерите организирале повеќе забави во природа. Еднаш беа во манастирот кај селото Присад, на разбија тишината во манастирот Св.Илија во Писокал, песни запеаа во беловодичкиот манастир, оро растегнаа во манастирот кај селото Прилепец…
![]()

