Мега баскет во Лерин

Кошарка

Првиот тим од клубот Мега баскет одржува тренинзи во салата на ОУ “Добре Јованоски”, во подготовка за претстојното првенство од Втората кошаркарска лига на Македонија. Работат двајца тренери, прилепчанецот Сашо Костоски и битолчанецот Благој Печалов. Играчкиот кадар е дополнет со битолчани, стружани и гостиварци, бидејќи повеќемина заминале во други градови на студии. Дури и во странство. Некои се повредени и не може на нив да се смета.

Според планот за подготовките, освен тренинзи ќе има и пријателски мечеви, учество на меѓународен турнир во Грција (Лерин) следниов викенд, сé до 18 октомври кога е првенствениот старт.

Loading