Дела на десет прилепски вајари

Изложба во Заводот и музејот

Заводот и музејот, со поддршка на  Министерство за култура, ја реализира изложбата “Прилепските вајари – творци како феникси од третата генерација”.  Се изложија дела од десет уметници како продолжение на творечката традиција  во Прилеп, каде љубовта за негување и создавање на скулптури се пренесува од колено на колено.

– Изложбата е потврда дека градот ја негува традицијата и љубовта на создавањето на тродимензионалната форма – вели м-р Маја Ралева Миладиновски од Заводот и музејот.

Loading